Disclosure го најавија новиот албум – излегува во септември

Британското електронско дуо Disclosure го најави новиот албум, „Caracal“, кој ќе биде пуштен во продажба на 25 септември. Браќата Lawrence го најавија второто издание, продолжение на нивниот деби-албум „Settle“ од 2013, неодамна, на настапот на фестивалот „Wildlife“ во Брајтон, каде пуштаа семплови и вокали од новото издание во својот сет.

Lion Babe, Nao и Kwabs им се придружија на сцената во Брајтон, а се очекува во следните недели да ги објават имињата и на останатите артисти со кои ќе соработуваат на новиот албум.

Паралалено со најавата за „Caracal“, се појави и контроверза поврзана со новото издание на Disclosure – сонародникот на браќата Lawrence, Aaron Jerome, попознат под псевдонимот SBTRKT, ги обвини дека ги копирале кориците на првиот и на вториот негов албум, на нивното прво и второ издание.