Директорот на ФБИ: Сите треба да ги покријат веб камерите на нивните лаптопи веднаш

Џејмс Коми, директор Федералното истражувачко биро на САД, ги советува сите корисници на интернет да ги покријат камерите на нивните компјтери, со цел да спречат да бидат шпионирани од хакери.

Доколку веб камерите бидат оставени отворени, хакерите можат да ги пробијат и да гледаат се што прават корисниците, тврдат експертите за онлајн безбедност. Важноста на ова беше откриена на почетокот на годинава, кога фотографии покажаа дека и Марк Закерберг ја има покриено камерата на неговиот лаптоп.

Иако веб камерите на лаптопите можат да бидат корисни, тие се исто така една од највредните нешта до кои хакерите можат да добијат пристап. Еднаш кога ќе го направат тоа, лесно можат да ги гледаат и снимаат нештата кои се случуваат пред нивните очи. Тие информации можат подоцна да бидат искористени за уцена, упад во друг безбедносен систем, или полошо.

Претходни „истекувања“ на информации покажаа дека владите на повеќе држави, меѓу кои и САД, лесно пробиваат во веб камерите како начин да собираат информации за граѓаните.

Коми вели дека сите владини агенции ги покриваат своите камери и дека и обичните граѓани треба да го прават истото.

„Има некои разумни нешта кои треба да ги правите, а тоа е една од нив“, вели Коми за покривањето на веб камерите. „Одете во било која владина канцеларија и ќе видите дека над секоја камера има капак. Направете го и вие тоа за луѓето кои немаат овластување да не ве гледаат. Мислам дека тоа е добар чекор“, додава.