ДИК ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци во избирачкиот список

Државната изборна комисија упати повик до граѓаните дека во пресрет на престојниот референдум, јавниот увид на податоци на избирачкиот список ќе започне следната недела, односно на 9 август и ќе трае до 23 август.

На првата седница, новиот состав на ДИК го усвои Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на претстојниот референдум закажан за 30 септември и одлучи сите рокови да бидат скратени за пет дена, освен јавната пропаганда, бидејќи референдумот треба да се одржи за 60 дена.

Право на изјаснување ќе имаат граѓани кои наполниле 18 години, кои се деловно способни, имаат живеалиште во Македонија и ги има во Избирачикот список.

Преку веб страната на ДИК, како и во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, граѓаните можат да извршат увид во своите податоци, а доколку е потребнода побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот.

Референдумот ќе се смета за успешен доколку на него излезат повеќе од половината од запишаните во Избирачкииот список.