Дигитални соништа – Групна изложба на дигитални фотографии

Изложбата на дигитални фотографии „ПРЕНОС: Дигитални соништа“ / “Transference: Digital Dreams“ ќе се одржи утре (26ти мај), во скопското Олд Скул кафе, од 20.30 часот. Куратор и еден од двајцата автори е Кервин Кендел Вилиамсон – визуелен уметник од Њујорк, заедно со домашниот артист Горан Димов од Скопје.

„Во урбан свет којшто потојано се менува, во зголемени варијации на моментите кои се акумулираат, ние сме задлабочени во дигитален тек, преку очите и објективот. Преку визуелни концепции кои настануваат од временската магла, секој си го тера сопствениот пат. Ние можеме да ги поврземе непредвидените аспекти од урбаните промени кои се корисни, но и деструктивни.

И покрај сѐ поголемиот марш на дигиталниот тек, нашиот медиум се смета за практичен, иако не секогаш како уметност. Осознавајќи го ова, се просветлуваме. Дали треба да се забавуваме, да ги примамиме или да сме потиснати од
промените на великаните? Преку нашите очи и објективот, ќе создадеме визуелна поезија, ќе ловиме моменти, остатоци од денот, или ќе илустрираме поенти“, стои во соопшението за изложбата.

Во периодот од октомври 2014 до денес, Вилиамсон има изложувано самостојно и групно, во Отворено графичко студио (Музеј на град Скопје), две изложби во Младинскиот културен центар (Скопје), во Галерија 8, Коцепт 37.