Десетти вечери на женски права во МКЦ и Кинотека

Десетото јубилејно издание на „Вечерите на женски права“, ќе се одржи од 6 до 8 март, во знак на овогодинешната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8ми Март: „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!“.

Годинава настанот се организира во Кинотека на Македонија и Младинскиот културен центар во Скопје.  Фокусот е на лидерките во индустријата, на start-up-и кои прават промена, социјални претприемнички, активистки и жени иноваторки, изнаоѓање начини преку кои иновацијата може да ги премости пречките и да го забрза прогресот кон родовата еднаквост.

На програмата годинава се ставени изложби, дискусии, филмски проекции… Целата програма може да ја видите ТУКА.

Настанот е под покровителство на Град Скопје, поддржан од UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, во партнерство со Институтот за родови студии – Филозофски Факултет Скопје, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје и Шведската амбасада во Скопје.