Денови на медумска писменост од 26 октомври до 2 ноември – Секоја вест на тест

Од 26 октомври до 2 ноември ќе се одржи второто издание на Деновите на медиумска писменост (ДМП), организирани од Мрежата за медиумската писменост.

Во текот на ДМП 2020, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се вклучат во активностите предвидени со овогодишната програма, кои вклучуваат: работилници, дебати, вебинари и други он-лајн настани фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост.

Поради присутната Ковид-19 пандемија, настаните од ДМП 2020 ќе бидат целосно организирани и спроведени на Интернет, следејќи го примерот на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО (24 до 31 октомври).

Ова е вторпат нашата земја да се вклучи во одбележувањето на Глобалната недела во рамките на која УНЕСКО годинава упати повик до сите граѓани да се спротистават на дезинфодемијата користејќи ја медиумската писменост како моќна алаткa и, без ралика каде живеат и работат во светот, да земат учество во настаните посветени на медиумската писменост.

Токму затоа, мотото на ДМП 2020 е „Секоја вест на тест“, а Радио МОФ на 28 октомври од 13 часот ќе учествува со „Како да излеземе од теориите на заговор“ – онлајн дискусија од серијалот „Јасно и гласно“.

Исто така, ден потоа, 29 декември од 14 часот, Радио МОФ ќе организира интерактивно предавање за млади „Како да препознаеме лаги за Ковид-19 на Интернет“.