Денови на македонското кино во „Нагоре“ во Струмица

„Горе“ заедно со Кинотека и Здружението „Контекст – Струмица“ овој ноември ќе го посвети на старите македонски филмови, дело на браќата Манаки и режисерот Кирил Ценевски.

Филмската програма започнува оваа недела, 1 ноември, во 20 часот во кафе бар „Нагоре“.

На агендата се краткометражните снимки од браќата Манаки како „Баба Деспина“, „Домашна работа (Предилки)“, „Училиште на отворен простор“, „Перачки“, „Панаѓур“, „Пазар и касапи“, „Панаѓур во бер“, „Власи номади“, „Бачило“, „Влашко оро“, „Прослава на Ѓурѓовден“, „Прослава на Водици во Бер“, „Селска свадба“, „Ветеринарна станица“, „Турски професор во земјоделско училиште“ и „Прослава на празникот Светите Кирил и Методиј“.

Исто така, ќе се прикажува и историскиот филм „Црно семе“, снимен во 1971 година, по сценарио на Ташко Георгиевски, а во режија на Кирил Ценевски.

„Овој филм е посебно важен за глумецот Дамевски, бидејќи за својата главна улога во овој филм, ја има добиено златната арена за најдобра машка улога во 1971 година во Пула и уште многу други награди. Филмот има добиено многу награди, како наградата ‘Златна арена’ за режија и најдобра машка улога, ‘Златен венец’ за најдобро дебитанско остварување доделени во Пула, 1971 година“, стои во најавата за настанот.