Денеска гласаат 325 членови на избирачките одбори

Денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), за предвремените парламентарни избори закажани за недела, 11 декември, ќе гласаат членовите на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва и во конзуларните канцеларии на Република Македонија.

Гласањето е отворено во 7 часот и ќе трае до 19 часот, а својот глас треба да го дадат 325 членови на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва и во конзуларните канцеларии.

Гласачите во дијаспората ќе гласаат во 46 дипломатско-конзуларни претставништва и во конзуларни канцеларии еден пред изборите, односно во сабота на 10 декември од 7 до 19 часот по локално време.

Најмногу пријавени за гласање има во Берн – 4.256, во Венеција – 2.724, во Детроит – 1.170, Њујорк – 1.168, Мелбурн  – 1.112.

В сабота, исто така, треба да гласаат и 13 внатрешно раселени лица, 2.015 лица кои се во притвор или во затвор и болни и немоќни лица што се пријавени за гласање.

Мета