„Денари“ – нов едукативен анимиран филм на „Метаморфозис“

Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот на кратки анимирани видеа изработени во рамките на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ на фондацијата Метаморфозис.

Како и претходните две, „Брзина на звук“ и „Правопис“ и во ова видео се претставени едукативни факти, овој пат поврзани со македонските пари. Видеото е достапно на македонски и албански јазик.

Повеќе детали прочитајте на веб-страницата на Метаморфозис.