Delta Funktionen во четврток на Desonanz

Истакнатиот ветеран на светската хаус, техно и електро сцена, Delta Funktionen од Берлин, овој четврток (седми декември) ќе настапи во МКЦ како дел од клубската програма на деветтото издание на фестивалот Desonanz, во соработка со фестивалот Taksirat.

Сетовите на Delta Funktionen се легендарни во својата техничка софистицираност и прецизност како и сировата креативна енергија која го движи подиумот низ неговите препознатливо долги сетови.

За нив, Delta Funktionen вели дека раскажува приказна која води низ непознати градови од иднината исполнета со широка палета на бои и емоции, но и чувство на слобода и забава. Неговата музика е подеднакво технички прецизно изведена и раскошно имагинативна, а дискографијата му брои три албуми и бесконечна низа на плочи.

Вечерта ќе ја започне Apostolski (Drop Series), а ќе ја затвори Mitrik (Room 313).