„Декриминализација сега“ – нова панел-дискусија за канабис во „Кино Култура“

Здружението Млади Европски Федералисти Македонија (ЏЕФ Македонија) и Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ на 30 јуни во „Кино Култура“ организираат панел-дискусија „Декриминализација сега“.

Според организаторите, дискусијата има за цел да поттикне дебата за потребата од декриминализација на употребата на канабис во Република Македонија.

На панел-дискусијата се најавени Маја Морачанин, пратеничка на Демократската Обнова на Македонија, потоа Јулиана Николова, пратеничка на Либерално Демократската Партија, Дамјан Божиновски од Левица, Наташа Бошкова од ХОПС и Коалиција Маргини, и Јанаки Митровски, адвокат и член на „Билка“.

Настанот ќе започне од 13 часот.