Деградиран инспекторот Ѓорѓи Илиевски кој објави спорни звања кај функционери

Директорот на државниот просветен инспекторат ќе го деградира на пониска работна позиција инспекторот Ѓорѓи Илиевски.

Одлуката ја донела дисциплиснката комисија со образложение дека тој го прекршил етичкиот кодекс, односно дека без согласност од директорот ја информирал јавноста за предметите кои ги води, а открил и идентитет на лица вмешани во предметите, пренесе Телевизија Телма.

Против инспекторот беше покрената дисциплинска постапка, откако Илиевски објави незаконски унапредувања на министерот за образование Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово.

Со деградирањето Илиевски изјавил дека повеќе нема да може да води предмети како инспектор, а од претходно најави судска постапка за целиот процес.

Дури 5.000 лица досега ја потпишаа онлајн петицијата за поддршка на инспекторот Илиевски.