Деди Џи од „Масив атак“ ноќеска во Епицентар го затвора 18. „Оффест“

Со диџеј-сет на Деди Џи од „Масив атак“ кој започнува на полноќ,  во  клубот „Епицентар“, се затвора 18. издание на  „ОФФест“.

Деди Џи се смета за духовен татко на феноменот наречен „бристолски звук“ – лабаво-мрачен со даб, реге, фанк, диско и хип-хоп, застапуван од „Масив атак“ , „Трики“, „Портисхед“,… Пред да формира бенд, Деди Џи беше познат како диџеј. Во 1980 година беше еден од најмладите диџеи во Бристол, а неговото име стана синоним за музички еклектицизам. Уште во времето на Wild Bunch Sound System, имаше статус на локална ѕвезда. Неговите диџеј сетови беа легендарни не само поради селекцијата и вештините на миксање, туку и по неговата способност да го употреби микрофонот на толку различни начини како што тоа го правеше и со грамофоните.

Годинашното издание на „ОФФест“ броеше девет концерти и прикажување на документарниот филм „Блузот на Мали“

„ОФФест“почна со концерт на велшката харфистка Катрин Финч и сенегалскиот кора-мастер Секу Кеита.

[Видео] Започна музичкото патување низ светот со „ОФФ фест“

По нив настап имаше и македонскиот музичар со њујоршка адреса Крсте Роџевски. Фестивалот понуди и уживање во африканските звуци на дивата од Мали, Фатумата Дијавара.

Енергичен настап на Фатумата Дијавара на „Оффест“

Настапи и единствениот Басеку Кујате кој со својот бенд „Ngoni Ba“ го промовираше најновиот албум „Miri”.

[Рецензија] ОФФест – Басеку Кујате и Нгони Ба ќе го разбудат човекот во секоја публика

Публиката можеше да ги види претставниците на „унгарската тамбура“ Sondorgo и Џамбо Агушев, а вчерашната, претпоследна вечер настапија Либанците „Love And Revenge“ и Колумбијците „Romperayo“.