„Децата да се лекуваат од буџет, а политичарите да се плаќаат со СМС“ – Петиција на граѓани од Тузла

Во босанскиот град Тузла граѓаните вчера потпишуваа петиција со цел децата конечно да можат целосно да се лекуваат од буџетски средства.

Петицијата, под називот „Децата да се лекуваат од буџет, а политичарите да се плаќаат со СМС пораки, па кој уплати – уплати“, привлекло голем интерес од локалните жители, пренесoa локалните медиуми.

„Одзивот на граѓаните покажува колку сме незадоволни од работата на нашите политичари. Во заводите за здравствено осугурување имаме предвидени средства за лекување деца, кои најчесто се однесуваат на кофинансирање. Родителите на болните деца најчесто мораат да обезбедуваат големи финансиски средства. Наместо да се грижат за детето, тие мораат да размислуваат колку пари ќе соберат од хуманитарни акции“, изјавила Индира Бектиќ-Мујкиќ, која е една од иницијаторките на акцијата.

Неформалната група родители, кои ја организираат акцијата, најавуваат дека потписите ќе бидат проследени до градскиот совет на Тузла.