Национално дебатно првенство за почетници 2015

Националното дебатно првенство за почетници, како најзначаен турнир за младите дебатери на Младинскиот образовен форум, ќе се одржи од 18 до 20 декември. На овој турнир дебатерите добиваат можност за прв пат во пракса да ги применат вештините за дебата и аргументирано изразување кои ги стекнуваат на неделните предавања во дебатните клубови на МОФ.

Дебатерите ќе се натпреваруваат по форматот World Schools Debate. Турнирот се содржи од 6 прелиминарни рунди, полуфинале и финале. На прелиминарните рунди ќе се дебатира на една подготвена теза и две тези кои однапред не се најавени.

Зададената теза гласи: „Овој Дом верува дека социјално-загрозените фамилии треба да примаат дополнителна финансиска помош чија висина ќе зависи од училишниот успех на нивните деца“.

За главен судија е најавена дебатерката Соња Митиќ, додека Ѓорѓи Димески и Петар Барлаковски се двајцата нејзини заменици.

Дебатното првенство годинава ќе се одржува во просториите на Универзитетот ФОН.