Дамо Сузуки од групата „Кен“ доаѓа во Куманово да одржи бесплатен концерт

Поранешниот пејач на култниот експериментален рок-состав „Кен“, Дамо Сузуки, во сабота ќе гостува во Куманово, каде ќе одржи концерт, придружен со локални музичари.

Концертот ќе се одржува во домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а влезот е бесплатен, но картите ќе бидат во ограничен број поради капацитетот на просторот.

Сузуки по  вторпат доаѓа  во Македонија, кога пред десет години имаше клупска свирка во Скопје, во клубот „Мала станица“.  На претстојниот концерт во Куманово гости ќе бидат  домашните музичари Горан Трајковски, Сашо Спасовски на  гитара и Небојша Митиќ на  тапани.