„Д Хаундс“ објави видеоспот за „Заминувам од овде“

Алтернативниот панк-рок состав „Д Хаундс“ (The Hounds) изработија видеозапис за песната „Заминувам од овде“.

Текстот е на Леана Таќи, а аранжманот и продукцијата на Јордан Манов.

За креативниот видеозапис за оваа нумера се погрижија момците Филип Ѓорѓиоски и Петар Аврамоски од визуелната лабораторија „Tone Bandits“.

Видеозаписот е снимен на повеќе градски локации, а протагонистка во оваа приказна е Ева Антулеска.

„Ова е наша последна песна од првиот албум, воедно последна авторска музика за 2018 година, но ветуваме дека за втор албум нема да чекате уште една декада“, изјави фронтменот на бендот Златко Карчески.

Бендот „The Hounds“ постои од 2008-та година, кога момците едноставно одлучија дека сакаат повеќе да се посветат на својата авторска музика, отколку на каверите. Оттогаш, покрај многуте клупски и фестивалски настапи низ целата земја, тие посветено работат на авторски материјал.