„Д Фестивал“ бара волонтери

„Д Фестивал“ го отвори повикот за волонтери на годинашното издание. Покрај задолжителниот ангажман од 6 часа во една смена, волонтерите на „Д Фестивал“ имаат обезбедено влезница, превоз, храна и простор за шатор во „Артист Вилиџ“ зоната во кампот. Волонтирањето трае од 5 до 9 јули,  пред почеток, и за време на „Д Фестивал“ во Дојран за што ќе добијат сертификат со кој се докажува нивниот ангажман.

„Во духот на постојаниот напредок, секоја година ја афирмираме волонтерската програма во чии рамки Д ФЕСТИВАЛ ги повикува сите млади луѓе од Македонија кои сакаат да стекнат драгоцени искуства од фестивалскиот организациски ангажман, да се пријават на конкурсот и на тој начин да станат дел од нашиот тим.

Подгответе се за тридневна авантура во која ќе научите еден тон работи, одблизу ќе го видите процесот на организација и ќе имате можност да запознаете и да се дружите со еден куп супер кул луѓе, артисти и уметници од Македонија и надвор“, велат организаторите на фестивалот.

Сите заинтересирани за волонтирање треба да пратат име и презиме, контакт број, возраст и линк од фејсбук профил (докол имаат) на следниот мејл: gorjana@password.mk. Рокот за пријавување е 15 јуни.