Црвен крст држи бесплатни обуки на возачи за укажување прва помош

Црвениот крст на Република Македонија започна со бесплатни обуки во 33 свои општински организации за возачи за укажување прва помош.

Кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ е поттикната од големиот број граѓани кои се учесници во сообраќајот, но неправилно укажуваат прва помош во случај на сообраќајна несреќа, а тоа доведува до смртни последици или компликации на повредите.

Кампањата ќе трае до 15 септември и со неа ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи.

Лани во земјава во сообраќајќи загинале 133 лица, а над 5800 биле повередени.