Црна Гора: Казна до 2.000 евра за непочитување на химната

Оној кој нема да стане додека свири националната химна на Црна Гора ќе плати казна од 300 до 2.000 евра, се предвидува со предлогот измените на Законот за државните симболи и Денот на државноста, која го утврди владата во Подгорица.

Црногорскиот министер за култура, Александар Богдановиќ изјави по седницата на владата дека со измените се воведува обврска за единиците на локалната самоуправа и јавните установи, основани од државата или општината, постојано да го истакнуваат знамето на згради во кои се сместени овие органи и институции.

Тој рече дека со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот се воведува обврска да се стои додека свири националната химна на Црна Гора и дека ќе се воведат казни за непочитување на оваа законска одредба.

Уште поголеми казни за правните лица

Како што наведе Богдановиќ, казната за физички лица кои нема да станат во текот на изведбата на химната на Црна Гора, ќе изнесува 300 до 2.000 евра.

„Измените на Законот за државните симболи и Денот на државноста на Црна Гора се усогласени со Законот за изменување и дополнување на законите со кој се пропишани казни за прекршоци. Казните за правните лица ќе се движат од 300 до 20,00 евра, за физички лица од 300 до 2.000 евра, а за фирмите од 300 до 6.000 евра”, соопшти Богдановиќ.