Црна Гора ги озакони истополовите бракови

Парламентот на Црна Гора го усвои законот за животно партнерство на лица од ист пол, јавува „РТЦГ“. За усвојување на предлог-законот гласаа 42 пратеници, а пет беа против.

Предлог-законот беше во собраниска процедура уште претходната година, но не го доби потребното мнозинство за време на  гласањето на седница на парламентот на 31 јули.

Законот им дозволува на истополовите двојки во државата да ги уживаат истите права како хетеросексуалните двојки, само без можноста за посвојување деца.

Со него, посебно е нормирано издржувањето помеѓу партнерите, старателството, а детално се регулирани имотните односи на партнерите.

Партнерите имаат право на меѓусебно наследство, а регулиран е и нивниот даночниот статус. Во однос на правата и обврските, во системот на здравственото осигурување и заштита, правата на истополовите партнерите се изедначени со правата на сите други осигуреници