Човек стигна до најдлабоката точка на Планетата и најде… ѓубре

Во најдлабокото спуштање под вода кое го направил човекот, инвеститор од Тексас нашол нешто што можел да го најде во ќошињата на било која улица во светот – отпад.

Виктор Весково, пензиониран поморски службеник, дошол до ова откритие откако успеа да го пробие рекордот и да стигне на длабочина од 10,927 метри во Маријанската бразда во Тихиот Океан, најдлабокото место на Земјата, соопштија вчера од неговата експедиција. Неговото спуштање било за 16 метри подлабоко од претходниот рекорд постигнат во 1960-тата година.

Весково го пронашол отпадот предизвикан од човек на океанското дно и во следниот период треба а потврди дека станува збор за пластика, изјавила портпаролката на експедицијата, Стефани Фицхерберт.

Пластичниот отпад достигна до неверојатни количини и од Обединетите Нации проценуваат дека околу 100 милиони тони пластика се наоѓа во светските океани.

Последниве три недели експедицијата направила четири спуштања во Маријанската бразда со нивната подморница во нивната мисија да соберат биолошки примероци и делови од камења.

Ова е трет пат човек да стигне до најдлабоката точка на Планетата, позната и како „Чаленџер Дип“. Последен пат на ова место стигна режисерот Џејмс Камерон во 2012 година, стигајќи на длабочина од 10.908 метри.

Претходно, првата експедиција до „Чаленџер Дип“ била направена од Американската морнарица во 1960-тата година, на длабочина од 10.912 метри.