Читателски клуб со Лејла Каламуиќ во ЛГТБИ Центар за поддршка

Писателката Лелја Каламуиќ  од Сараево во среда (23 мај) во 18:30 часот ќе гостува на  Читателскиот клуб во ЛГБТИ Центарот за поддршка во Скопје, по повод нејзината книга „Викајте ме Естебан“.

„Прозата на Лејла Каламуиќ го надминува конфесионалното дневничко пишување на секое ниво: авторката суптилно, фигуративно и интертекстуално ги трансформира автобиографските моменти во резонантните книжевни структури. Книгата ‘Викајте ме Естебан’ е незаборавно, потресно книжевно дело“, стои во најавата за настанот.

Лејла е родена во Сараево во 1980 година, и сè уште живее таму. Дипломирала на Катедрата за филозофија и социологија. Авторка е на збирките раскази „Анатомија на насмевката“ и „Викајте ме Естебан“. Објавува проза, есеи и критика во списанијата и на веб порталите во Босна и Херцеговина и во регионот.

Книгата на македонски јазик е преведена од Ѓоко Здравевски, во издание на „Блесок“. Разговорот во ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе го води Калиа Димитрова.