Четврто издание на Студентскиот етнографски филмски фестивал во Кинотека

Македонското студентско етнолошко друштво го организира четвртиот Студентски етнографски филмски фестивал „ЕТНОФФ4“.

Тој ќе започне во сабота (15-ти декември), во Кинотека на Македонија со почеток во 10 часот.

Филмскиот фестивал е од ревијален карактер, сите учесници на крајот ќе добијат благодарница/сертификат за учество.

На фестивалот учествуваат поранешни и сегашни студенти на етнологија и антропологија, како и оние од сродните дисциплини од Македонија и странство, кои третираат значајни општествени, политички и културни прашања, или едноставно раскажуваат интересна приказна во духот на етнографијата.