Четврти роденден на „Skopje Casual“

Македонскиот моден блог „Skopje Casual“  на трети март ќе го прослави својот четврти роденден.Со „лежерна“ прослава во сопствен стил Ива, Сандра и Калина, основачките на блогот, најавуваат одлична забава со музиката на DJ Гоце во просториите на Јавна Соба (Public Room). Влезот за настанот е слободен.

Skopje Casual е првиот македонски моден блог кој четири години по ред е прогласен за „најдобар блог за мода и други модерни работи” на единствените блогерски награди во Македонија.

„На блогот досега можевме да погледнеме соработки со македонски и светски дизајнери и брендови, фотографии од модата од скопските улици, инспирација од светските метрополи, а од неодамна и првата капсулна колекција креирана од страна на Skopje Casual“, појаснуваат Ива, Сандра и Калина.