„Час на вода“ – струшки средношколци учеа за екологија во Охридското езеро

Од Спортскиот клуб „Соларис“ – Струга информираа дека денес, средношколци од струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“, слушале настава на вода.

Оттаму нагласуваат дека иницијативата „Час на вода“ ја започнале професорката по социологија, Фросина Постоловска и професорката по географија, Гордана Чакареска.

„Учениците имаа уникатна можност непосредно да се запознаат и ги визуелизираат предадените сознанија од страна на професорките на тема ‘Екологија и Природни езера во Македонија’“, дополнуваат од „Соларис“.