Chance the Rapper ќе донира милион долари на државните училишта во Чикаго

По освојувањето на три Греми награди, Chance the Rapper не запира со работа, но овој пат тој започна проект надвор од своето студио.

Тој соопшти дека неговата непрофитна организација, „Социјална работа“, ќе се обиде да собере 215 долари за државните училишта во Чикаго, додека градот се бори со буџетот за образовните реформи. Со почетна донација од еден милион долари, тој јасно стави до знаење дека ќе продолжи да врши притисок врз гувернерот на Илиноис, Брус Ронер да одвои повеќе средства за јавните училишта.

„Како што можеби знаете, во петокот се сретнав со гувернерот Брус Ронер, побарав да ја врши својата работа и да ја почитува неговата првична обврска да обезбеди 215 милиони долари за државните училишта во Чикаго, за нашите деца добро да ја завршат учебната година”, рече тој, објаснувајќи дека неговите „неуспешни” разговори со Ронер се полни со нејасни одговори.

Според Чикаго Трибјун, последното вето на гувернерот врз законот со кој ќе се дадат парите на државните училишта во Чикаго, беше неочекувано и го става образованиот систем на градот во „ужасна позиција” што ќе доведе до отпуштање на вработените и кратење на учебната година за 13 дена. Училиштата во Илиноис веќе се дискриминирани во однос на финансирањето, во споредба со другите училиштата во државата.

Донацијата од еден милион долари за уметничко образование доаѓа од средствата добиени преку продажбата на билетите од претстојната турнеја. Тој соопшти дека соработува и со други музичари од Чикаго како Common, а очекува и поддршка од гаѓаните. За секои 100.000 донирани, организацијата ќе донира 10.000 долари на училишта по нивен избор. „Социјална работа“, исто така, ги повикува брендови како Чипотле и Адидас да инвестираат во државни училишта.

„Иако сум фрустриран и разочаран од пасивноста на гувернерот, тоа нема да ме спречи да продолжам да правам се што можам за поддршка на највредните ресурси на Чикаго – тоа се децата”, објасни тој.