Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееа под Кале, а не камп за мигранти, напиша на својот Фејсбук профил министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како реакција на бројните дезинформации кои деновиве се ширеа по социјалните мрежи.
„Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата трајно ќе им се обезбеди дом на повеќе 80 лица кои живееја во на улица. Очигледно паниката кај ВМРО-ДПМНЕ е преголема па се спремни ваквите хумани решенија да ги злоупотребуваат. Повторно јасно порачуваме – бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во нашата земја, напиша Царовска.
Ромите под Кале времено да ги згрижи скопскиот Центар за социјална работа, наложи Владата
Претходно и Општина Карпош ги демантираше информациите дека ќе се гради центар за бегалци во Бардовци. Оттаму соопштија дека немаат примено никаков допис и документација за прифатен центар за странци во Бардовци, од страна на Агенцијата за планирање на просторот.