Бугарските студенти го окупираа софискиот универзитет

Софискиот универзитет викендов е под опсада на студентите кои прогласија окупација на неопределено време. Студентите бараат оставка на владата на премиерот Пламен Орешарски како и предвремени парламентарни избори.

Бугарските студенти го окупираа софискиот универзитет

Според бугарските медиуми, околу 50-тина студенти се затворени во зградата на Универзитетот, а вратите ги затвориле со синџири. Во зградата нема ниту професори, ниту пак вработени во администрацијата.

„Ние окупираните студенти го поздравуваме Академскиот совет, кој отворено ја признава вредноста на граѓанска непослушност, и може да ги прифати дури и крајните форми, кога условите во земјата се неподносливи. Во понеделник ќе одржиме заседавање во Сала 1 во од нашата страна, окупираниот универзитет. Ја повикуваме целата академска заедница и народот на Република Бугарија да не поддржат во нашата заедничка борба. Им благодариме на сите кои веќе го направија“, порачуваат студентите преку нивната Фејсбук страница.

Студентите објавија декларација, која беше јавно прочитана и зад која застанаа и приватните универзитети, повеќе граѓански здруженија, но и околу 40-тина професори од софискиот универзитет. Тие најавија дека од понеделник нема да се одржува никаква настава, се додека не се исполнат нивните барања.