„Бубачка“ во системот на Андроид им овозможува на хакерите пристап до 900 милиони телефони

Речиси една милијарда уреди на Андроид се под влијание на сериозна безбедносна маана, која може да им овозможи на напаѓачите пристап до сите податоци и хардверот, вклучително и камерата.

Ранливоста, наречена „Quadrooter“, била откриена од истржувачи во „Check Point“, интернационална компанија за сајбер безбедност.

Влијае на сите уреди кои користат „Qualcomm“ чип, кој го има во приближно 900 милиони телефони и таблети.

„Никој во моментов нема уред кој е сосема безбеден. Тоа всушност покажува дека има некаков вид на проблем меѓу Qualcomm и Гугл“, вели  Мајкл Шаулов, директор за менаџмент на производи во „Check Point“.

Хакер би можел да нападне уред преку инсталирање на „злонамерна“ апликација на телефонот, праќајќи му на корисникот линк за преземање. Апликацијата не би барала специјална дозвола, со што хакерот има директен пристап до сите податоци, а истовремено може да ги користи и камерата и микрофонот на телефонот.

Од „Qualcomm“ велат дека наредниот месец ќе објават нова верзија за „апдејт“ со која ќе се поправи проблемот.