Бронзен медал за младата Мила Рељиќ на таеквондо турнир во Шведска

Средношколката Милијана Релиќ и тренерот Александар Ефтимов се вратија со бронзен медал од меѓународниот таеквондо натпревар „Президенс куп Г2“ кој се одржа викендов во Хелсингборг, Шведска.

Мила заедно со Александра Крстиќ и Виктор Петковски го претставуваа таеквондо клубот „Тигри“ од Скопје. На турнирот учествуваа 65 земји со 1500 натпреварувачи.

„Во полуфинале, силите ги одмери со светската вице-шампионка, репрезентативката на Америка Алена Вијана, од која тесно изгубивме (1:5). Во текот на целата борба Мила рамноправно пркосеше на Американката, првата рунда заврши нерешено, во втората само 0:2 водеше светската вице-шампионка“, стои во соопштението.

Ова е огромен успех за Мила по минатогодишните освоени 11 медали на меѓународни натпревари, меѓу кои и златниот медал на „Босна Опен Г1“ и бронзениот медал на „Галеб Опен Г1“.