Бројот на загинати надмина 5.000 лица во земјотресот во Турција и Сирија

Бројот на загинати во земјотресот што ја погоди источна Турција и соседна Сирија се искачи на над 5.000 лица, јавува Асошиејтед прес.

Земјите ширум светот испратија тимови за да помогнат во спасувачките напори, а турската Агенција за управување со катастрофи соопшти дека повеќе од 24.400 лица за итни случаи сега се на терен. Но, со толку широк дел од територијата погодена од земјотресот и речиси 6.000 згради урнати згради само во Турција, нивните напори беа слаби.

Обидите да се дојде до преживеани беа попречени и од температурите под нулата и близу 200 последователни потреси, што ја направи потрагата низ нестабилните структури опасна.

Нургул Атај за Асошиејтед прес изјави дека можела да го слушне гласот на нејзината мајка под урнатините на зграда во градот Антакија, главниот град на провинцијата Хатај, но дека нејзините и напорите на другии да влезат во урнатините биле залудни без спасувачки екипи и опрема за помош.

„Да можевме да ја подигнеме бетонската плоча, ќе можеме да стигнеме до неа. Мајка ми има 70 години, нема да може долго да го издржи ова“, рече таа.

Низ провинцијата Хатај, југозападно од епицентарот на земјотресот, властите велат дека се уништени околу 1.500 згради, а многу луѓе пријавиле дека нивните роднини се заробени под урнатините, каде не стигнала помош или спасувачки тимови.

Најсилниот земјотрес се случи вчера наутро во 4:17 часот со магнитуда од 7.8 степени според Рихтеровата скала, на 34 километри западно од градот Газијантеп. По него следуваа бројни афтерошокови, од кои најсилниот беше 7.5 степени по Рихтер.