Бројот на филмски кинопретстави лани се намалил за 0,4 проценти

Бројот на прикажани филмови во 2017 година е 967, кинопретстави 16.228, а бројот на посетители е 471.288, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, за 2017 година во која се опфатени 14 кина, лани во споредба со 2016 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е намален за 0,4 проценти.

Целосниот извештај е достапен на следниот линк.