Британски студенти се дружат со прасиња против стресот пред испит

Британскиот универзитет „Nottingham Trent University“ најде одличен начин за да им помогне на студентите да се справат со стресот за време на полагањето испити.

Унијата на студенти од овој универзитет годинава организираше настан за своите колеги каде тие можат за да релаксираат преку неколкуминутна дружба и галење мали прасиња, јави Мashable.

Со иста цел минатата година студентите направија соба со кученца, каде можеа да дојдат сите оние што полагаат испити во најстересниот период од годината. Сите средства собрани на настанот, како и минатата, така и оваа година одат во хуманитарни цели, за помош за кучињата – водичи.

Во студентскиот кампус годинава беа донесени седум мали прасиња, но и нивни „пријатели“ две кози, магаре и кокошки.

„Гужва е последниве денови, но има позитиви вибрации околу кампусот“, вели Marcus Boswell од  студентската унија кој додава дека на овој начин студентите почнуваат да мислат на нешто друго, освен на своите испити.

Ова не е единствениот универзитет каде преку животните им се помага на студентите под стрес. И британскиот „Exeter University“ со мали прасиња ги релаксира студентие, „University of Central Lancashire“ и „Bristol University“ земаат мали кученца, а „Bath Spa University“ пони.