Британија потпиша одлука за екстрадиција на Џулијан Асанж

Британските власти го потпишаа налогот за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД, каде се соочува со обвиненија за хакирање на владини компјутери и прекршување на законот за шпионирање.

Саџид Џавид, државниот секретар за државна безбедност на Британија, денеска соопшти денес „Асанж е правично позади решетки. САД имаат испратено барање за негова екстрадиција од Велика Британија кое вчера го потпишав и утре ќе биде испратено пред суд.“

Судот во Вестминстер утре ќе одржи сослушување за случајот со Асанж, но се уште нема одредено датум за сослушување за целосна екстрадиција. Таа најверојатно би се случила подоцна оваа година, пишуваат светските медиуми.

Асанж се бори против оваа барање, повикувајќи се на фактот дека самата екстрадиција во САД ги прекршува неговите човекови права. Тој би можел да ја предизвика секоја одлука на британскиот суд поврзана со барањето и да ја одложи депортацијата за неколку месеци или целосно да се избори против неа.

Асанж беше уапсен во Еквадорската амбасада во април годинава, каде се криеше 7 години. Покрај неколкуте обвиненија со кои се соочува во САД, против него беше спроведена и истрага за наводен сексуален напад во Шведска, но шведскиот суд реши да ги отфрли овие обвиненија.