Бразилскиот претседател Џаир Болсонаро е позитивен на коронавирус

Бразилскиот претседател, Џаир Болсонаро преку телевизиско соопштение ја извести јавноста дека е позитивен на коронавирусот.

„Тестот е позитивен“, изјавил тој пред внимателно избраната група на новинари собрана пред неговата резиденција додека носел маска.

„Не постои причина за страв, тоа е животот. Му благодарам на Бога за својот живот и за улогата да ја одредувам судбината на оваа голема нација, бразилската“, продолжи тој.

Болсонаро, кој има 65 години во многу наврати ја тривијализираше пандемијата и го исмеваше социјалното дистанцирање – дури и откако Бразил стана втората најпогодена држава од коронавирусот по САД и броеше 65,000 смртни случаи и 1,6 милиони потврдени случаи.

Кога во март се појави првиот регистриран случај на коронавирус во Бразил, Болсонаро, радикалниот десничарски популист, истакна дека заболениот лесно и брзо ќе ја надмине инфекцијата поради неговата „атлетска позадина“.

Оттогаш, Болсонаро продолжи да учествува на настани со масовни групирања и да присуствува на митинзи, неретко неправилно носејќи ја маската, или воопшто не носејќи маска.

Откако Болсонаро известил за дијагнозата, тој се оддалечил од репортерите и ја симнал маската, смеејќи се.

„Погледнете го моето лице. Јас сум добар и весел, му благодарам на Бога. Им благодарам на сите кои се молат за мене. А оние кои ме критикуваат не се проблем, нека критикуваат колку сакаат“, нагласил тој.

Болсонаро продолжува со потцена на она што тој го нарекува „надуени обиди за паника“, односно мерките воведени од страна на бразилските политичари и градоначалници за да го спречат ширењето на вирусот преку полициски час и социјална дистанцираност.

„Некои од авторитетите дури им забранија на луѓето да ги посетуваат плажите“, се пожалил Болсонаро кој додал дека многу брзилци не ни забележиле дека се заболени од вирусот.

Известувања за можната позитивна дијагноза на Болсонаро најпрво се проширила во понеделникот, откако неколку локални медиуми пренеле дека тој се тестирал откако имал неколку симптоми на коронавирусот, меѓу кои зголемена температура и постојана кашлица.

Болсонаро со негацијата за постоењето на коронавирусот го „натера“ Бразил да се врати на работа за да се избегне невиден економски пад.

Ваквото негово однесување предзвика домашни и интернационални реакции, а многумина и директно го обвинуваа претседателот за високиот број на смртни случаи.

Бразил моментално нема назначен министер за здравство, откако две лица беа приморани да ја напуштат оваа работна позиција поради судирот на погледите со Болсонаро околу пандемијата.

Извор: Guardian