Борба против истребување: дискусија со активистка на Extinction Rebellion денеска во „Дуња“

Социјалниот центар „Дуња“ денеска организира дискусија со полска активистка од интернационалното движење Extinction Rebellion (XR).

Тоа е познато по користење ненасилна граѓанска непослушност во обид да сопре масовно истребување и да го минимизира ризикот од општествен колапс, стои во описот на настанот.

„Extinction Rebellion сака да создаде заедничко чувство на итност околу климатската катастрофа и тековното шесто масовно истребување и да создаде поддршка за справување со овие итни проблеми“, велат од „Дуња“.

Дискусијата ќе започне во 19 часот во дворот на центарот, а на неа активистката ќе зборува за движењето, неговите принципи и барања, и како тоа сака да се соочи со статус квото за да ги реши ургентните еколошки проблеми.