Благој Веселинов награден на Берлинскиот филмски фестивал

На македонскиот актер Благој Веселинов синоќа му беше врачена наградата за најдобар млад актер (Shooting Stars) на Берлинскиот филмски фестивал.

Покрај Веселинов, кој стана познат по улогата во филмот „Исцелител“, меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа беа прогласени уште 9 млади актери од Данска, Естонија, Германија, Ирска, Исланд, Норвешка, Полска, Србија и Шведска.

Наградите ги врачија режисерката Теона Митевска и актерот од Исланд, Ингвар Сигурдсон.

Од Македонија пред Веселинов, оваа награда ја добија Лабина Митевска во 2009 и Наташа Петровиќ во 2011.