Бјорк во 3Д, во Музејот на современа уметност во Њујорк

Во Музејот на современа уметност (МоМА),  Бјорк е буквално насекаде, пишува Њујорк Тајмс најавувајќи ја изложбата која за јавноста ќе биде отворена идната недела како ретроспектива на 20-годишната работа на познатата пејачка.

Уметник, кој се себе си се нарекува „Shoplifter“ ги изложи фотографиите каде си поигрува со косата врз лицето на Бјорк. Текстилен конзерватор додаде бисери врз свадбената наметка од Александар Меквин,  носена од Бјорк. Кристалното лице на пејачката лебди во воздухот, а во МоМА се присутни и минијатурите на Бјорк.

Оваа Бјорк – војска е составена од кукли направени врз основа на 3-D скенирање на нејзиното тело, а на кои се забележуваат различните расположенија на пејачката.

Преку музиката, видеото, модата и технологијата, ова шоу поставено на третиот кат на музејот, е помеѓу најголемите и најпознатите инсталации во МоМА. Изложбата за Бјорк е работена 3 години, а во моментов се уште се доработуваат деталите, пишува Њујорк Тајмс.