„Било што освен ранец“ – средношколци од Радовиш го заследија глобалниот тренд

Учениците од средното општинско училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш се приклучија на глобалниот тренд „Било што освен ранец“ (Anything But a Backpack) по повод први април – денот на шегата.

Па така, некои од учениците пристигнале на училиште со бојлер, правосмукалка, канта, тенџере, кафез за птици, детска количка, куфер и слично.

Иницијатива „Ден без ранци“ започнала во САД, каде се обележува еден ден кога децата одат на училиште без ранци, носејќи ги сите нивни книги и училиштен прибор во рацете или во пластични кеси. Целта е да се подигне свеста за милионите деца ширум светот кои треба да пешачат километри за да стигнат на училиште, носејќи ги своите книги и приборот во раце или во пластични кеси бидејќи не можат да си дозволат да купат ранец.

Погледнете повеќе во фотографиите на СОУ „Коста Сусинов“.