„Билјана платно шараше 2.0“ – хуманитарна изложба на млади уметници

Арт клубот на Младински образовен форум во Скопје ја организира изложбата „Билјана платно шараше 2.0“, која ќе се одржи вечерва (17 декември), во Ателје Ателје во Старата скопска чаршија и ќе биде од хуманитарен карактер.

На изложбата младите уметници ќе ги покажат своите дела кои ги работеа во изминатите два месеци на „Street (sm)Arts“ работилниците организирани од Арт клубот – Скопје.

Ќе бидат изложени повеќе од триесет дела – илустрирани платна и платнени торбички кои по пат на тивка лицитација ќе можат да се купат.

Собраните средства ќе бидат донирани на „Ретвитни оброк“, иницијатива на група твитерџии кои секое саботно попладне го минуваат со бездомниците на кои им носат храна, пијалаци и облека.