Американскиот комичар Бил Козби е прогласен за виновен по три точки на обвинение за сексуален напад, од кои секоја предвидува по десет години затворска казна.
За време на судењето, кое траеше 17 дена, судот слушна како Козби ја дрогирал и сексуално ја нападнал поранешната кошаркарка Андри Констанд, во 2004 година во неговиот дом во Филаделфија.
Судијата донесе одлука Козби (80) да остане во притвор до изрекувањето на пресудата.