Бил Гејтс го напушта одборот на „Микрософт“

Преку соопштение до медиумите, компанијата „Микрософт“ извести дека ко-основачот на компанијата го напушта одборот за да се посвети на филантропијата.

„Беше огромна чест и привилегија да се работи и учи од Бил Гејтс“, директорката на „Микрософт“, Сатја Надела пишува во соопштението.

Компанијата известува дека сè уште ќе ги искористува бенефитите од Гејтсовата технолошка пасија, како и неговите совети за развивање на производите и сервисите.

Гејтс ќе продолжи да соработува со компанијата како технолошки советник на Надела и останатите лидери на „Микрософт“.

Бил Гејтс ќе биде заменет од поранешниот директор на „Американ Експрес“, Кенет Шено. Шено го напушта одборот на директори на „Фејзбук“, а компанијата ја потврди оваа вест во петокот. 68 годишниот Шено бил во одборот на „Фејсбук“ од 2018 година, по неговото пензионирање како канцелар на компанијата „Амекс“.

Улогата на Гејтс како дел од одборот на „Микрософт“ завршила уште во 2014 година. Според компанијата, тој планира да се посвети на решавање на климатската криза.

Извор: CNN