Библиотеката во Неготино со летни кративни работилници за младите

Во рамките на програмата БиблиоБум, локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино, реализираше летна креативна програма која што им овозможува на младите слободно да ја изразат својата креативност во простор кој е дизајниран за нив и нивните потреби. Првите три работилници кои се одвиваа во овој простор започнаа на 9 јули на тема „Изработки и креации од еко-материјали“, „Дизајнирање и правење на накит“ и „Обука за 3Д принтање и моделирање“.

Тинејџерското катче се нарекува „Мејкерспејс“, а идејата потекнува од истражување за потребите на локалната заедница кое го спровела библиотеката. Истражувањето покажало дека младите во Неготино имаат потреба од простор каде ќе можат да креираат и истражуваат.

„’Мејкер спејс’ претставува тинејџерско катче каде се спојуваат креативноста, идеите и творењето. Самото катче овозможува реализација на најразлични мали настани, едукативни работилници, обуки, работа во мали групи и преставува катче кое е може да се користи од сите членови на библиотеката кои се на  возраст од 13 до 19 години. Настаните всушност претставуваат промоција на младинско катче преку едукативна програма – циклус од 3 обуки со теми кои се актуелни за младите и вклучуваат употреба на современа технологија. Обуките се од неформално едукативен карактер со интерактивен тип на реализација“, посочуваат од СмартАп – Лабораторија за социјални иновации, кои го спроведувале проектот.

Проектот опфатил предавања кои се најпримамливи за тинејџерите, кои ги нема во формалното образование, а се актуелни, тоа се: мода, изглед, користење на 3Д технологија. Обуките се реализираат со група од 15 млади ентузијасти.

Првата обука се реализрала со помош на локален моден дизајнер за изработка и креации со еко принт на платно – облека, соодветно модерно облекување, како со малку сретства да се постигне убав естетски ефект и што значи креирање.

Втората обука се однесувала на креирање на накит со моделар на аксесоари која започнала со презентација за историјата на накитот и следувала дискусија меѓу учениците за самите почетоци на користење на накитот. Како млади креативци, учесниците рачно изработувале накит.

Третата обука се реализирала со помош на ментор за користење на 3Д принтер, креирање на 3Д креации како прототипи, а самата обука вклучувала и изработка на 3Д принт на накит за учесниците на работилницата.

Сите заинтересирани можат да ја посетат библиотеката и да дознаат повеќе за можностите кои ги нуди и да учествуваат во новите работилници кои се одржуваат.

Повеќе информации можете да пронајдете на www.bibliobum.mk и фан страната на библиотеката   https://www.facebook.com/negotinobiblioteka.