Безбедносниот пропуст на Фејсбук погодил пет милиони Европејци

Неодамнешниот безбедносен пропуст за кој соопшти социјалната мрежа Фејсбук погоди околу пет милиони Европејци, изјави еврокомесарката за правда Вера Јурова.

Фејсбук во петокот објави дека се хакирани речиси 50 милиони профили на оваа социјална мрежа и дека напаѓачите ги искористиле слабостите на опцијата „Види како“ (View As) за да добијат контрола врз профилите на корисниците.

Тој пропуст кој бил „поправен“ во четвртокот, како што рече основачот и главен директор на социјалната мрежа Марк Закерберг, им овозможил на хакерите да пристапат до информации на корисничките профили (имиња, податоци за полот, адреси).