Бесплатно скијање за деца во ски центар Маврово

Ски центарот Маврово, денес и утре, ги поканува сите ученици на бесплатно скијање и чист воздух додека не се вратат на училиште.

„Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека да помине критичниот период. Се надеваме дека на оваа наша иницијатива ќе се приклучат и други институции за бесплатен транспорт и супервизија, бидејќи сите родители не се во можност да ги донесат учениците до Маврово“, вели Огњан Циговски, директор на Ски Центарот Маврово.

Оваа иницијатива е резултат на енормната аерозагаденост на воздухот во Македонија и по повод Светскиот ден на снегот, 19 јануари.

Владата вчера донесе одлука да продолжи зимскиот распуст за сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија до утре, 22 јануари.