Бесплатно предавање „Претприемништво – Позади сцената“ со Филип Арсов

Денес со почеток од 18:00 часот во просториите на Јавна соба (Public room), ќе се одржи бесплатното предавање „Претприемништво – Позади сцената (Entrepreneurship – Behind the scenes)“ со Филип Арсов.

Преку концептот на afterwork, посетителите ќе слушнат приказна за претприемништвото, предизвиците, за лошите и добрите страни на водење бизнис,  и но и за целите кои може да се постигнат.

Филип Арсов е дипломиран електроинжинер кој моментално е генерален менаџер и сопственик на Синапс Групација ДООЕЛ и Синапсе Авиатион ДОО. Тој има повеќе од 12 години искуство со претприемништвото во ИТ индустријата, менаџирање со бројни ИТ проекти како извршен директор вклучен во стратешко планирање, развој на производи, човечки ресурси, финансии, продажба и маркетинг и односи со клиенти.

Филип е член на Глобалната програма за претприемништво (Global Entrepreneurship Program) спонзорирана од Министерството за меѓународна трговија на Велика Британија и златен член на CEED Бизнис и едукативен клуб Македонија. Во 2011 година ја освои наградата „Претприемач на годината 2010“ во категоријата микро компании во Македонија.

Настанот е дел од Глобалната недела на претприемништво.