Бесплатни сетови карти за најпопуларната игра – Magic:The Gathering

По повод 20-годишнината на најпопуларната стратегиска игра со карти во светот, ноември ќе биде месец на Magic:The Gathering во единствената специјализирана продавница за друштвени игри Гоблин.

По тој повод цел месец се подаруваат бесплатни почетнички Planeswalker шпилови за сите оние кои сакаат да научат како се игра оваа неверојатно интересна игра.

„Доколку ви се здосадени компјутерските игри или едноставно сакате да пробате нешто ново и досега невидено кај нас, ова е вашата шанса. Единствено треба да имате желба да научите како се игра Magic, да дојдете во „Гоблин друштвени игри“ (Т.Ц. Буњаковец, прв кат) секој работен ден од 12 до 18 часот и да имате малку време за презентација на основните правила, по што ќе го добиете вашиот шпил“, велат од „Гоблин“.

Бесплатни сетови карти за најпопуларната игра - Magic:The GatheringMagic:The Gathering е најпопуларната игра со карти во светот со преку 13 милиони официјално регистрирани играчи, а првпат се појави во далечната 1993 година. Оваа стратегиска игра го положи тестот на времето и се уште е во врвот на популарноста, а во последниве години доживува огромна експанзија и покрај се поголемата проширеност на компјутерските игри.

„Земете ја улогата на Planeswalker, моќен волшебник кој со своите суштества и магии оди во дуел против другите волшебници. Во овој свет на змејови, ангели, виленици, џуџиња, демони и најразлични митски суштества, ќе имате неверојатни можности за менување и подобрување на вашиот шпил со помоќни магии и посилни чудовишта кои се наоѓаат во илјадниците најразлични карти кои ви се на располагање.Дојдете сами или донесете и пријател и заедно проверете зошто милиони луѓе низ целиот свет ја играат оваа игра и зошто токму Magic:The Gathering е најдобрата стратегиска игра со карти на сите времиња!“, порачуваат луѓето кои редовно ја играат оваа игра.

* За играње на Magic потребно е познавање на англискиот јазик. Количините на бесплатните шпилови се ограничени