Бесплатен паркинг низ цело Скопје за лицата со попреченост од општина Карпош

Со бесплатна картичка за користење на јавните паркиралишта и јавните површини, лицата со попреченост ќе можат да користат поволности за паркирање на своите возила на територијата на цело Скопје, соопштија од Општина Карпош.

Бесплатна картичка можат да добијат лица со утврдена дијагноза, односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80 проценти, утврдено со акт на надлежната комисија во фондот на ПИОМ, слепи лица со оштетување на видот над 90 проценти.

Потребни документи за аплицирање се: важечка лична карта – на увид, копија од сообраќајна дозвола, ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување – на увид, лекарски наод од специјалист – на увид, потврда од матичен лекар за точно наведена дијагноза – оригинал,  членска книшка од здружение за телесно инвалидизирани лица – на увид, пополнет образец Барање – Договор (задолжително двострано печатење) на електронската адреса lpp@gradskiparking.com.mk.

Од Оштина Карпош информираат дека резултатите од неодамна спроведени анкети во Карпош 1 и Карпош 2 за решавање на проблемот со паркирањето, покажуваат дека доминираат одговори за воведување на зонско паркирање.

Од општината велат дека вакви анкети ќе се спроведат и во други населби, а зонското паркирање би се спровело во соработка со ЈП „Градски паркинг“ и подразбира бесплатен паркинг за резиндентните граѓани, но не и за жителите на подалечни населби и општини.