Бесплатен концерт на ТИ и Gaf Gam Gaf Maf пред МКЦ

Бесплатен концерт на ТИ и Gaf Gam Gaf Maf пред МКЦВечерва пред платото пред МКЦ ќе настапат електропоп-дуото ТИ од Белград и скопскиот музичар Зоран Тевдовски, кој ќе се претстави со проектот  Gaf Gam Gaf Maf.  Бесплатниот концерт е дел од манифестацијата „Рефрени за летно освежување“, што се одржува во викендите во организација на МКЦ, а почетокот е закажан во 21.30 часот.

Групата ТИ е електро поп дуо од Белград, Србија кое го сочинуваат Илија Дуни и Трајче Николовски. Двајцата по потекло од Македонија, се запознаваат во Белград и го оформуваат бендот во 2012 година. Пробите ги оддржуваат во дневната соба, каде што Николовски свири електорнски тапани, додека Дуни свири гитара и синтисајзер. Илија Дуни предходно беше член на ПЕТРОЛ и Meatmarket, додека Трајче Николовски беше дел од White Noise In A White Room и Чистилиште.

Зад Gaf Gam Gaf Maf се крие авторскиот проект на скопскиот музичар Зоран Тевдовски. Тој ќе настапи со нов материјал, кој е различен по сензибилитет од оној на деби-албумот и во него доминира психоделичниот гитарски звук.